Утрински Весник
Скопје

Мециновиќ: Вториот круг отвора нова политичка реалност во Македонија

Image 2025 10 28 194108502.png

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, во телевизиски дуел со Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, ја коментираше ниската излезност на гласачите во првиот круг од Локалните избори 2025, истакнувајќи дека таа произлегува од недовербата во политички промени.

-Излезноста почива на тоа што нашите граѓани не гледаат политички промени кога ќе дојде до трансфер на власт. Малата излезност е генерално продукт на тоа што нашите граѓани сметаат дека не можат да делуваат со своето гласачко право кое го имаат – не можат да ја сменат судбината, рече Мециновиќ.


Тој додаде дека народот не е деполитизиран, туку индиферентен, бидејќи не верува дека може да се дојде до вистинска промена. Според него, вториот круг од изборите отвора нова политичка реалност во Македонија.

-Сега имаме други околности, втор круг каде што за прв пат нема да се ВМРО и СДСМ, туку имаме натпревар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и сметам дека со самото тоа што ги живееме првите денови од оваа нова политичка реалност во Македонија, многу граѓани ќе се охрабрат и допрва ќе излезат во вториот круг, изјави тој.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски на средба со Рита Колумбиа: Разгледани тековните и идните можности за соработка меѓу Град Скопје и ОН

Левица: Општина Ѓорче Петров должи над два милиони евра

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки” , фестивал на оригинални песни и детски таленти