Утрински Весник
Магазин

Мечка четврти пат ограби иста слаткарница 

20260116114519 big 730x400 71.webp.webp

Мечка по четврти пат ја ограби слаткарницата Глејдс Хоуммејд Кендис  (Glades Homemade Candies) во туристичкиот град Гатлинберг, јавува локалната телевизија Вејт (WATE). Според снимката од надзорната камера, животното ја скршило стаклената врата, ги превртело полиците и извадило надвор садови со благи работи.

Сопствениците велат дека веќе 35 години произведуваат благи производи, но ваквите упади се сериозен проблем. Тие додаваат дека преземале секакви мерки за заштита, вклучувајќи безбедносни брави, контејнери отпорни на мечки и дополнителни безбедносни системи, но тоа не ја  спречило мечката да си „касне“ по четврти пат од „слатките“ задоволства.

Случајот е пријавен во Агенцијата за ресурси и диви животни на Тенеси (TВРА), која потврди дека спроведува истрага. Газдите се надеваат дека мечката ќе биде преместена, додавајќи дека го почитуваат локалното диво животинско царство и Националниот парк Големи димни планини.

Можете да прочитате

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027

Клучот до среќата не се парите: Науката има неочекуван одговор