Утрински Весник
Свет

Меѓународниот суд на правдата: Израелската окупација на палестинските територии е нелегална и мора да престане

International Court Justice Abdullah Asiran Anadolu Agency Getty Scaled 1 1170x780 1.jpg

Меѓународниот суд на правдата (МСП – ICJ) денеска објави необврзувачко советодавно мислење според кое континуираното присуство на Израел на окупираните палестински територии е незаконско и треба да престане „што е можно поскоро“.

Одлуката на судот не е обврзувачка, меѓутоа е значајна бидејќи има авторитет на меѓународното право и може да ја ослабе поддршката за Израел.

Највисокиот суд на Обединетите нации соопшти дека израелските доселечнички населби, кои се изградени на окупираните палестински територии по војната од 1967 година, се нелегални.

„Израелските населби на Западниот брег и Источен Ерусалим, како и режимот поврзан со нив, се воспоставени и одржувани со кршење на меѓународното право“, рече претседателот Наваф Салам, повикувајќи се на заклучоците на светот кој го сочинуваат 15 судии.

Во мислењето се наведува и дека Израел мора да им ја надомести на Палестинците штетата предизвикана од окупацијата на палестинските територии и дека Советот за безбедност на ОН, Генералното собрание на ОН и сите земји-членки на ОН имаат обврска да не ја признаат окупацијата како легална и не смеат да го поддржуваат нејзиното продолжување.

Случајот произлегува од барањето на Генералното собрание на ОН од 2022 година, кое му претходеше на сегашниот конфликт меѓу Израел и Хамас. Собранието на ОН побара од судот да ги оцени правните последици од израелската „продолжена окупација, процес на населување и анексија“ на палестинските територии, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, како и поврзаните политики на израелската влада.

Можете да прочитате

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“