Утрински Весник
Култура

Меѓународна изложба “Без дистанца”

Меѓународна изложба “Без дистанца”
300x250 (7)

Меѓународна изложба на уметнички дела со наслов “Без дистанца” на македонски и бугарски академски ликовни уметници, ќе биде отворена на 18 октомври 2022 во Уметничка Галерија – Русе, Р. Бугарија.

dobivaj vesti na viber

На изложбата ќе бидат изложени 40 дела а учество ќе земат 10 македонски и 10 бугарски академски уметници. Оваа изложба е заеднички проект во соработка помеѓу Национална установа Центар за култура “Трајко Прокопиев” – Куманово и Уметничка Галерија – Русе, Р. Бугарија. Изложбата која најпрвин ќе се отвори во градот Русe на 18.10.2022, планирано е да биде отворена и во Куманово во Национална установа Центар за култура “Трајко Прокопиев” – Куманово на 18 ноември 2022 година.

300x250 (7)

Учесници на оваа изложба се академските уметници: Жаклина Глигориевска – Кочоска, Зоран Арсовски – Бабата, Иво Пецов, Марија Величковска, Марија Трпеска, Марјан Sингаров, Петра Јовановска, Симона Јакимовска, Трајче Блажевски, Фехим Хусковиќ, Валентин Георгиев, Виргинија Пенчева, Вјара Гунева, Георги Пасев, Гошо Георгиев, Златка Стојкова, Ива Станева, Ирена Парашкевова, Красимира Кирилова и Танја Пасева.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“