Утрински Весник
Скопје

Меџити: Започнува соработката со Универзитетот „Мајка Тереза“ во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“

Img 3546.jpeg

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одржа работна средба со делегација на Универзитетот „Мајка Тереза”, на која беа договорени следните чекори за соработка во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето”.

Првиот резултат од оваа соработка е организирањето на Летната школа за пливање, наменета за деца на возраст од 5 до 10 години. Наставата ќе биде бесплатна и ќе се одржува на базенот во Чаир, под водство на професори и асистенти од Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Мајка Тереза”.


На средбата беше разговарано и за проширување на соработката со нови проекти од областа на здравството, спортот и образованието, како и за текот на работите за изградба на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза”.

„Инвестирањето во здравјето на децата и партнерството со образовните институции остануваат меѓу нашите приоритети. Преку оваа соработка создаваме нови можности за младите и реализираме проекти што директно придонесуваат за нивната благосостојба и иднина,” изјави Меџити.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост