Утрински Весник
Скопје

Меџити: За една година обновивме 60% од инвентарот во основните училишта во Чаир

Img 6586.jpeg

По повод почетокот на новата учебна година, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го посети ООУ „Хасан Приштина”, каде на учениците, наставниците и родителите им посака успешна и плодна учебна година.

За само една година, во основните училишта во Чаир се обезбедени 1.000 нови училишни клупи и 2.000 нови столчиња, со што е обновен околу 60% од училишниот инвентар. Само оваа година училиштата се опремуваат со 800 нови клупи и 1.600 нови столчиња, со што се создаваат подобри и пофункционални услови за учениците.

„Здравјето, правилниот развој и благосостојбата на нашите деца се наш приоритет. За само една година обновивме околу 60% од инвентарот во основните училишта во Чаир, со вкупно 1.000 нови клупи и 2.000 нови столчиња. Инвестирањето во подобри услови во училиштата е инвестиција во нашите деца и во нивната иднина. Ќе продолжиме со истата посветеност, за секој ученик во Чаир да има што подобри услови за учење и развој”, изјави Меџити.

Меџити ѝ се заблагодари на компанијата „Ефтинија” за донацијата и континуираната поддршка, како и на сите кои придонесуваат за создавање подобри услови во училиштата во Чаир. По повод првиот училишен ден, на учениците им беа поделени и пакети со училишен прибор.

Можете да прочитате

Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар

Изгласан новиот ребаланс на буџетот на Град Скопје

Герасимовски: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го отворија патот за спорната градба кај „Кузман”