Утрински Весник
Македонија

Меџити се сретна со делегација на МАТТО предводена од Адемоски

Im Mato2.jpeg

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити се сретна со делегација на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) предводена од нејзиниот претседател Ајдоган Адемоски со соработници.

На средбата беше истакната одличната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Турција на полето на бизнисот, културата, економијата и многу други области.

Меџити на средбата рече дека двете влади имаат за цел да ја зголемат трговската размена меѓу двете земји, како и да ги поттикнат турските компании да инвестираат во Република Северна Македонија.

Двете страни ја потврдија важноста на трговската соработка меѓу двете земји и ја истакнаа нејзината важност за двете економии. Меџити на средбата повтори дека турските инвестиции во нашата земја се одлична можност уште еднаш да се истакнат силните врски меѓу Северна Македонија и Турција и дека економската соработка меѓу двете земји донесе многу придобивки и помогна да се отворат работни места, а исто така придонесоа за стабилноста и економски раст на Северна Македонија.

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч