Утрински Весник
Македонија

Меџити: Приоритет на „Вреди“ е да биде дел од влада ориентирана кон ЕУ и НАТО

Screenshot 2024 04 30 133049.png

Носителот на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата „Вреди“ во Изборна единица 1, Изет Меџити, денеска на прес-конференција порача дека приоритет на албанската опозиција е да биде дел од идна влада која е ориентирана кон Европската унија и НАТО. – Ние и порано и сега кажавме дека сме заинтересирани да бидеме фактор за влада, која ќе биде европски ориентирана кон НАТО и ЕУ, за нас тоа е приоритет, но сега сме фокусирани на кампањата, на нашата програма, на контактите со граѓаните, а овие ставови ќе ги разговараме на маса. Нашиот став е јасен, нема дилеми кој е ставот на Влен за евроинтеграции, вели Меџити. Посочи дека се соочуваат со постојани провокации од страна на Европскиот фронт предводен од ДУИ и на тој начин се обидуваат да ја дефокусираат јавноста. – Митингот што ние го одредивме во Чаир на плоштад „Скендербег“, тие ист термин одредија на плоштад „Македонија“, а знаеме дека луѓето поминуваат низ таа чаршија. За да се избегнат инциденти ние пролонгиравме еден ден, отидовме во Гостивар, па се вративме во Скопје. Видовте дека дојдоа да провоцираат и да слават пред штабот на Влен. Исто така видовте провокација на Груби пред Општина Чаир, рече Меџити. Во врска со најавениот завршен митинг на Коалицијата „Вреди“ во Тетово, Меџити рече дека веќе имаат добиено дозвола од Општина Тетово и ќе се одржи.

Можете да прочитате

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење