Утрински Весник
Скопје

Меџити пречека меѓународна делегација за економска соработка и развој

Img 3864.jpeg

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес пречека делегација составена од претставници од политиката, бизнисот и меѓународните институции, предводена од д-р Дастин Плантхолт. Делегацијата престојува во регионот во рамки на иницијативите за економска соработка со Соединетите Американски Држави.

За време на средбата, Меџити ги презентираше приоритетите и развојните проекти на Општина Чаир, со посебен акцент на локалното управување, инвестициите во образованието, културата и инфраструктурата, како и можностите за воспоставување соработка во области од заеднички интерес.


„Дијалогот и размената на искуства со меѓународните партнери претставуваат додадена вредност за локалното управување. Ваквите средби отвораат можности за нови партнерства, инвестиции и иницијативи кои можат да придонесат за развојот на Чаир и нашата држава,” изјави Меџити.

Можете да прочитате

Отворен првиот Центар за дневен престој за лица со попреченост над 14 години во Скопје

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN”

Општина Карпош: Kејот на Вардар – место за спорт и дружба