Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Меџити: Положивме цвеќе во чест на жртвите од трагедијата во Кочани – Заедно сме во оваа болка

Kocan1.jpg
Dik 300x250 mk

Првиот вицепремиер, Изет Меџити, присуствуваше на комеморацијата организирана на плоштадот Скендербег, каде што беше положено цвеќе во чест на жртвите од тешката трагедија во Кочани.

„Вечерва, на плоштадот „Скендербег”, положивме цвеќе во чест на изгубените животи во трагедијата во Кочани. Заедно ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други. Вечерва зборуваме на различни јазици, но исто тагуваме и жалиме за нашите млади момчиња и девојки што неправедно ги изгубивме. Нашите молитви и мисли се со семејствата на жртвите и повредените. Тие не се сами во оваа болка! Ние сме заедно!”, напиша Меџити.


За време на комеморацијата, меѓу жртвите беше оддаден почит и на фудбалерот на ФК Шкупи, Андреј Лазаров, кој трагично го загуби животот во оваа несреќа. Во негова чест беше поставен дрес од неговиот клуб, како симбол на болка и почит кон млад талент кој прерано замина.

Овој симболичен чин на оддавање почит ја изразува солидарноста со семејствата на жртвите и повредените, додека државните институции ветија максимална посветеност за целосно расветлување на настанот и изведување на одговорните пред лицето на правдата.

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени