Утрински Весник
Скопје

Меџити: Ова е чиста победа, изградена со доверба и љубов кон Чаир

Image 2025 10 22 215521128.png

Вечерва во општина Чаир владееше свечена атмосфера, каде што Изет Меџити и неговиот тим ја прославија заслужената победа на локалните избори.

Во атмосфера исполнета со емоции и ентузијазам, Меџити им се заблагодари на партиските структури, активистите и граѓаните кои стоеле покрај него во текот на целата кампања.


„Победата што ја постигнавме не е случајност, туку резултат на работа, посветеност и доверба што ја изградивме заедно. Тоа е победа на нашата структура и активистите, на луѓето кои беа присутни во секој дел од Чаир, кои ја претворија нашата енергија и визија во вистинска граѓанска победа“, изјави Меџити.

Тој додаде дека секој час работа, секој чекор и секој напор на неговиот тим имале смисла, затоа што оваа победа е изградена врз чисти вредности, со доверба и љубов кон Чаир.

„Од срце ви благодарам за истрајноста, посветеноста и довербата што ми ја укажавте. Денес повеќе од кога било чувствувам дека Чаир има тим кој не се предава, кој работи и победува заедно. Горд сум на вас, горд сум на нашиот Чаир“, напиша понатаму Меџити.

Победата во Чаир се смета за јасна порака од граѓаните за континуитет, работа и доверба во визијата на Изет Меџити за развиен и обединет Чаир.

Можете да прочитате

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот – Ново Лисиче со најголем индекс на загаденост

Утре стапува на сила одлуката за забрана за фрлање на комунален отпад после 22 часот

Делови од една скопска општина утре без вода