Утрински Весник
Спорт

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа

20251022213014 big 730x400 97.webp.webp

Во вториот натпревар во ФИБА Евро купот, а прв пред својата публика во Битола, кошаркарите на Пелистер вечерва ја совладаа словачката екипа Превидза со 90-83 и го забележаа првиот триумф во клупската историја на европската сцена.

Најефикасен во редовите на битолскиот состав беше Прајс со 25. поени. Малешевиќ додаде 18. поени и девет скокови, а Вилсон уфрли 13. поени.


По воведните две кола, Пелистер има скор од една победа и еден пораз во групата „Д“ во која лидер е загрепска Цедевита јуниор со максимален ефект.

Во третото коло од групната фаза, кошаркарите на Пелистер ќе гостуваат на Кипар, каде на 29. октомври во Никозија ќе ги очекува дуел со Керавнос.

Можете да прочитате

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена