Утрински Весник
Македонија

Меџити му порача на Минчев да го почитува албанскиот јазик

Izat Medziti Pres Vlada.jpg

Првиот вицепремиер Изет Меџити го предупреди министерот за јавна администрација Горан Минчев дека треба да ја почитува двојазичноста, односно веб страницата на Министерството да биде и на албански јазик.

-Во Владата има одлука за почитување на двојазичноста и секое министерство мора да се води на два јазика, да биде и на македонски и на албански јазик. Ако не го почитувате ова, правите законска повреда – изјави Меџити за весникот на албански јазик Лајм.

– Advertisements –

Министерството за јавна администрација веќе пет месеци комуницира со јавноста само на македонски јазик, избегнувајќи ја законската обврска да ги информира граѓаните Албанци на нивниот мајчин јазик, пишува Лајм.

Министерот Минчев рече дека подготвуваат нова веб-страница која ќе биде и на албански јазик.

-Моментално ја користиме старата верзија на МИОА, која е таква каква што е и се надевам дека наскоро ќе имаме нова веб-страница која во секој случај ќе биде и на албански јазик. Ако дојдете во мојот кабинет ќее видите дека името на Министерството на македонски и на албански јазик- изјави Горан Минчев и додаде дека соопштенијата ги испраќаат на македонски јазик, а тие што ќе побараат ќе им испраќаат и на албанскиј јазик.

Можете да прочитате

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити