Утрински Весник
Македонија

Меџити како ко-премиер, ќе ги координира министрите и функционерите од ВРЕДИ

Image 58 1024x683 1 1.png

Коалицијата Вреди информира дека првиот вицепремиер во Владата, Изет Меџити, започнал со координативни состаноци со министрите од партиите од коалицијата со цел успешно и ефикасно работење во Владата.

„Во насока на обезбедување висок степен на ефикасност во спроведувањето на нашите програмски заложби, првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити започнува пракса на редовна координација со министрите за здравство, европски прашања, економија, добро владеење, труд, демографија и млади, кои се избрани на предлог на коалицијата Вреди.

Ваквиот тип на координација ќе се прошири и со замениците министри и другите избрани и именувани кадри на Вреди во извршната власт.

Остануваме целосно посветени на спроведување на предизборните ветувања и спроведување на политики кои ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, ќе го подигнат животниот стандард и ќе обезбедат сигурна иднина.

Фокусирани сме на динамизирањето на ЕУ перспективите, борбата против корупцијата, економскиот развој и децентрализацијата на власта кон општините како прв непосреден сервис за граѓаните.

Имаме план и визија за испорачување на резултати во прецизно утврдени рокови. Заедно со претседателот на Собранието и пратениците од владејачката коалиција ќе предлагаме и усвојуваме соодветни законски решенија“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Нови цени на горивата од полноќ, има поскaпување

Тошковски најави изградба на нова полициска станица во Бутел

Точно ќе се знае за кој проект, колку пари ќе бидат наменети, вели Мицкоски за средствата што ќе им бидат дадени на општините