Утрински Весник
Свет

Демонстранти и полиција се судрија во германскиот град Есен

Small.webp.webp

Демонстрантите и полицијата се судрија во германскиот град Есен, каде што се одржува дводневниот конгрес на екстремно десничарската германска партија „Алтернатива за Германија“, јави ДПА.

Поголема група демонстранти се обиде да го пробие полицискиот кордон во просторот на салата каде што ќе се одржи партискиот настан.

Полицијата употреби палки и бибер спреј за да ги спречи демонстрантите.

На конгресот учествуваат околу 600 делегати на крајнодесничарската партија. Партиските лидери Алис Вајдел и Тино Крупала се борат за реизбор пред германските парламентарни избори следната година. 

Можете да прочитате

Трамп ја покани ЕК да биде член на Комитетот за мир во Газа

На 22 јануари вонреден самит на ЕУ

Глобалните моќници се собираат во Давос, Трамп предводи со говор и прием