Утрински Весник
Македонија

Mеџити – Ди Џовани: Министерството за здравство ќе потпише програма за подобрување на здравствените услуги

Mеџити – Ди Џовани: Министерството за здравство ќе потпише програма за подобрување на здравствените услуги

На денешната средба на министерот за здравство, д-р Фатмир Mеџити, со претставничката на Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Патриција ди Џовани, имаше дискусија за работните активности и полиња на потенцијална соработка за 2023 година. Во таа насока Министерството за здравство (МЗ) со УНИЦЕФ ќе потпише годишна програма, дизајнирана во насока на подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

dobivaj vesti na viber

Во делот на зголемување на ефективноста и ефикасноста на здравствените услуги, МЗ и УНИЦЕФ заеднички ќе работат на развој и градење на капацитетите на здравствените работници, анализа и совети за политики за подобрување на распределбата на јавните финансии и човечките ресурси за имунизација, вклучително и функционална анализа на услугите за вакцинација, анализа за трошоците и придобивките од службите за домашна посета на ниво на примарна здравствена заштита, поддршка на МЗ и други фактори во здравствениот сектор за да се третираат трендовите на дебелина кај деца и адолесценти, зајакнување на националните капацитети и поддршка во препораките за рана интервенција кај децата, ран детски развој и менталното здравје, базирани на докази од неколку анализи и студии.

Програмата предвидува и континуирана поддршка на имунизацијата – масовна мултимедијална комуникациска кампања за потсетување на јавноста за достигнувањата во науката за вакцините и историјата на успехот на вакцините, која е неопходна за да се врати довербата во здравствениот систем и вакцините.

Можете да прочитате

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ