Утрински Весник
Македонија

Меџити: Агилните инспекциски контроли се приоритет за заштита на животната средина

11.jpeg

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одржа работна средба со директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска и директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски.

На состанокот беше разгледан контролниот план за засилени инспекциски надзори, со цел ефикасна примена на законите за заштита на животната средина. Министерот Меџити нагласи дека инспекциските контроли мора да се спроведуваат со зголемена динамика, за да се спречат загадувачките активности и да се обезбеди доследна примена на регулативите.


Како дел од Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина и Управата за животна средина имаат клучна улога во спроведувањето на политиките за заштита на природните ресурси. Меџити истакна дека нивната ефикасност е од суштинско значење за зачувување на животната средина и дека Министерството ќе обезбеди целосна поддршка за зајакнување на нивните капацитети.

Министерството останува посветено на подобрување на механизмите за мониторинг и контрола, со цел граѓаните да живеат во почиста и побезбедна средина.

Можете да прочитате

До сабота (5 април) релативно топло со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер!

Неколку села во Македонска Каменица ќе останат без струја, бил оштетен далеководот при сечење на дрва

Кешишев: Палчо ми беше мемориран во мобилниот како „Царот“