Утрински Весник
Македонија

Меџити: 3,7 милиони евра за еколошки проекти

Im2.jpeg

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска одржа прес-конференција по повод објавувањето на јавниот Конкурс за распределба на средства од Програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година.

На прес-конференцијата, Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити,  истакна дека Програмата има за цел да поттикне и финансира проекти и активности што придонесуваат за заштита, унапредување и одржливо управување со животната средина – како еден од клучните фактори за здравјето и квалитетот на животот на граѓаните.


Меџити со апел до општините, здруженијата на општините, граѓанските организации и научно-образовните институции активно да се вклучат во овој процес.

Вкупниот износ што Министерството го распределува оваа година изнесува 229 милиони денари:

•        100 милиони денари за изградба и техничка документација за канализациони системи и системи за пречистување на отпадни води;

•        100 милиони денари за изградба и надградба на водоводни системи;

•        10 милиони денари за образовни, истражувачки и развојни проекти;

•        19 милиони денари за активности за подигање на јавната свест, едукација и обуки поврзани со животната средина.

Министерот Меџити потенцираше дека процесот на избор и распределба на средствата ќе се спроведува транспарентно и објективно, со јасно дефинирани критериуми. Апликациите ќе се оценуваат врз основа на повеќе параметри, вклучувајќи организациска структура, ефективност на буџетот, влијание на проектот и усогласеност со национални стратегии.

Рокот за аплицирање изнесува три недели, а формуларите за аплицирање се достапни на официјалната веб-страна на Министерството и се прилагодени според типот на апликант – со цел да се олесни и поедностави процесот.

Особено охрабрување беше упатено до стартапи и технолошки компании да аплицираат со иновативни решенија за подобрување на животната средина.

„Овој Конкурс е вистинска можност за сите што имаат визија, идеи и капацитет да придонесат кон почиста и поодржлива животна средина. Апелирам до сите потенцијални апликанти – искористете ја оваа можност”, изјави министерот Изет Меџити.

Резултатите од Конкурсот ќе бидат јавно објавени по завршувањето на процесот на евалуација.

Линк до конкурсот: 

Конкурс | Министерство за животна средина и просторно планирање

Можете да прочитате

Околу 4900 помалку запишани првачиња од лани, едносменска настава воведена во над 200 училишта 

Германец бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда

Завршени вонредните инспекциски надзори за лекувањето на пациентката С.М. од Струмица