Утрински Весник
Спорт

Мбапе ќе се откаже од 80 милиони евра за да замине од ПСЖ следното лето

Мбапе ќе се откаже од 80 милиони евра за да замине од ПСЖ следното лето

Француската ѕвезда Килијан Мбапе цело лето е во центарот на голема трансфер сапуница. Договорот на Французинот со ПСЖ истекува во летото 2024 година, а на крајот од минатата сезона Мбапе ја отфрли опцијата за продолжување на уште една година. Иако договорот бара согласност од двете страни за тоа продолжување, неговиот потег ги налути челниците на ПСЖ.

dobivaj vesti na viber

Мбапе ги информираше дека планира да игра уште една сезона за ПСЖ, а потоа следното лето да замине како слободен играч. Клубот сакаше да го продаде за да добие отштета и ја прифати понудата на Ал-Хилал од дури 300 милиони евра, но Мбапе не се сложи со тоа, дури и не сакаше да преговара со Саудијците.

Потоа беше суспендиран од првиот тим на ПСЖ, со кој не замина на азиската турнеја, а од клубот му порачаа дека цела сезона ќе ја помине на клупата.

Мбапе се согласил да се врати во тимот, но скапо ќе плати за тоа. Тој ќе мора да се откаже од бонуси од договорот, поточно таканаречениот бонус за лојалност во износ од вкупно 80 милиони евра.

Така, сезоната на францускиот напаѓач нема да биде уништена, но тој нема да го потпише продолжувањето на договорот на кое инсистира клубот. Од неговото враќање во првиот тим, Мбапе постигна дури пет гола во првите три кола од Лига 1 против Тулуз, Ленс и против Лион.

 

Можете да прочитате

Флорентино Перез: Винисиус ти си најдобриот играч во светот

Италија го обрани Дејвис купот, Синер влезе во историјата на тенисот

Димитријевиќ сам играше против Литванија, постигна 43 поени во поразот на Македонија