Утрински Весник
Спорт

Мбапе е нов француски капитен, лутиот Гризман размислува за повлекување!

Мбапе е нов француски капитен, лутиот Гризман размислува за повлекување!

Француската фудбалска репрезентација по 14 години добива нов капитен, откако селекторот Дидие Дешам контроверзно го избра Килијан Мбапе како наследник на Иго Љорис пред квалификациите за Европското првенство во 2024 година, наводно предизвикувајќи бурна реакција на Антоан Гризман.

dobivaj vesti na viber

Љорис го потврди повлекувањето од Светското првенство во Катар, и Дешам во понеделникот навечер им го соопштил изборот на Мбапе, напаѓачот на Пари Сен-Жермен кој има 36 гола во 66 настапи за „триколорите“.

„Килијан Мбапе е нов капитен на сините. Антоан Гризман е вице-капитен. Килијан ги исполнува сите услови за да ја има оваа одговорност. На теренот и во групниот живот како обединувачки елемент“, изјави Дешам во интервју за „Телефут“.

Според француските медиуми оваа одлука не била добро примена кај ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антон Гризман, кој дури размислува за повлекување одд репрезентацијата. 32-годишниот Гризман има дури 117 настапи за Франција од своето деби во 2014 година, во кои постигна 24 гола.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина