Утрински Весник
Македонија

Корупција, влијание во судството и закани кон ЛГБТ заедницата забележа Стејт департментот во извештајот за Македонија

Корупција, влијание во судството и закани кон ЛГБТ заедницата забележа Стејт департментот во извештајот за Македонија

Корупција, влијанија во судството но и закани насочени кон ЛГБТК популацијата се нотирани годишниот извештај на Стејт департментот за Македонија.

dobivaj vesti na viber

Во заклучокот во делот на човековите права се посочува на пренатрупаност во одредени затворски одделенија; насилство и закани врз новинари; сериозна владина корупција; недостаток на одговорност за родово и семејно насилство; и злосторства кои вклучуваат насилство и закани кон ЛГБТ заедницата.

Позитивен е заклучокот дека Владата презела чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција, но во четвртата точна од извештајот се наведува дека иако власта главно ги спроведувала законите кои предвидуваат казнивост за корупција од страна на државни службеници, сепак, и во 2022 година постојат извештаи за функционери што подлежат на коруптивни дејствија.

Уставот предвидува автономни и независни судови, но владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност, се додава во извештајот. Случаите на несоодветно однесување на судството, несоодветниот политички и деловен притисок врз судиите, долготрајната правда, како и несоодветното финансирање и екипирање на судството продолжија да ја попречуваат ефикасноста на судот и да влијаат на довербата на јавноста во владеењето на правото.

За полицијата, Стеј департментот забележува дека  се одржува внатрешната безбедност, вклучително миграцијата и спроведувањето на границите, но нотирано е и дека припадниците на безбедносните сили извршиле злоупотреби. Според извештајот, имало пријави за тортура, казнување и нехумано постапување од страна на полицијата кон затвореници и притвореници. За вакви случаи до Народниот правобранител стигнале вкупно 103 пријави.

Медиумите и известувањата, се додава во извештајот, продолжија да бидат во голема мера поделени по политички линии, но бројот на независни медиуми кои активно изразуваат различни ставови без очигледни ограничувања продолжи да се зголемува. Во извештајот е забележано и повикувањето на новинар на „информативен разговор“ во полициска станица.

Според извештајот на американскиот Стејт департмент внимание треба да се обрне и на статистиката за семејното насилство. Имено, од јануари до јуни се регистрирани 662 случаи, а надлежните органи не секогаш преземаат мерки навреме.

Можете да прочитате

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор

Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „23 Октомври”

На „Магистрален пат“ во Кичево сообраќајка со три жртви