Утрински Весник
Свет

Маж поминал 24 дена изгубен на море, преживеал од кечап

Маж поминал 24 дена изгубен на море, преживеал од кечап

Маж од Доминиканската Република лебдел изгубен во Карипското Море цели 24 дена, а преживеал, како што вели, јадејќи по малку кечап секој ден.

dobivaj vesti na viber

Елвис Франсоа (47) е пронајден на речиси 220 километри северозападно од колумбискиот Пуерто Боливар кога од авион бил здогледан зборот „Помош“ изгравиран на дел од неговата едрилица, соопшти колумбиската морнарица во четвртокот.

„Немав храна. На бродот имаше само шише кечап, лук во прав и зачин, па тоа го мешав со малку вода“, рече Франсоа.

Тој рече дека го поправал својот брод во близина на холандскиот дел на островот Сент Мартин во декември кога неповолните временски услови го одвлекле во морето.

Немал навигациски вештини и не можел да маневрира со бродот назад до брегот, па бил изгубен во морето со недели.

„Дваесет и четири дена, нема друштво, нема со кого да разговараш. Не знаеш што да правиш, не знаеш каде си. Беше страшно. Изгубив надеж, размислував за семејството“, рече тој.

По спасувањето, бил пренесен во пристанишниот град Картагена, каде што добил медицинска помош, а подоцна бил предаден на имиграциските власти, кои го вратиле дома, соопштија колумбиските власти.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија