Утрински Весник
Свет

Маж падна во тесен тунел на пештера во Англија и загина, додека умирал ќерката му читала песни

Маж падна во тесен тунел на пештера во Англија и загина, додека умирал ќерката му читала песни

Карл О’Киф (49) од Ланкастер, ги носел децата на роденденска забава во Конг авантуристичкиот центар во Кесвик на 22 април кога се лизнал и се заглавил во тесен тунел на затворена пештера кај туристичката атракција.

dobivaj vesti na viber

Тој бил заглавен четири часа, а починал осум дена по кобната несреќа, објави „Дејли мејл“.

Искусниот алпинист претрпел сериозни повреди и откако персоналот на центарот не успеал да го спаси, на местото на настанот пристигнала воздухопловна брза помош, противпожарни екипи и пештерски спасувачи. Тие го ослободија со демонтирање на делови од ѕидните панели за качување за да добијат пристап до скриените тунели.

„Како што одминуваше времето, загриженоста за здравјето на заробениот човек растеше бидејќи тој беше во статична положба во затворен простор“, изјавија спасувачите од центарот за спасување, Кесвик.

О’Киф бил итно пренесен во болницата Камберленд во Карлајл. Велика Британија, каде што почина во неделата.

„Бев со него од денот кога беше префрлен на интензивна нега. Стана очигледно дека повредите се тешки и дека нема да преживее. Потоа тој беше преместен во приватна соба и можев да останам со него за достоинствено да умре. Моето срце е скршено. Како и остатокот од нашето семејство“, изјави неговата сестра Оливија Шорт.

Таа открила и дека нејзината ќерка му читала песна додека тој умирал во болницата.

„Карл беше посветен родител и ќе остави голема празнина во животот на своите деца… Често можевме да го видиме како носи темни очила и шешир. Имаше брилијантен ум и беше во процес на аплицирање за докторат по астрофизика. Животот е толку неправеден и суров… Каква апсолутна трагедија“, коментираат пријателите.

Можете да прочитате

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина