Утрински Весник
Македонија

Маж најден починат во центарот на Скопје

Uzp8q Lenta Policija.jpg

На подрачјето на Центар во Скопје било пронајдено починато машко лице, објавија од полицијата.

На 01.06.2024 во 19.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на Центар во Скопје било пронајдено починато машко лице.

-Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, стои во полицискиот билтен.

Можете да прочитате

За седум месеци Македонија ја посетиле над 740.000 туристи

Платформата 12:05: Филипче не го претставува членството на СДСМ

Човечки труп најден во близина на болницата во Бардовци