Утрински Весник
Свет

Масовни дојави за бомби на неколку локации во Крагуевац: цел се училишта, факултети и јавни претпријатија

Ново насилство во Белград: нападнато и прободено со нож 20 годишно момче
Dik 300x250 mk

Дојави за поставена бомба биле пријавени на десетина локации во Крагуевац, Србија, потврдуваат од полициската управа за српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Првата дојава за бомбата била пријавена денеска околу 11.30 часот, а досега вакви повици крагуевачката полиција добила од десетина локации, потврдиле за „Нова.рс“ од управата на полицијата.

Извештаи за поставена бомба пријавија средни училишта, некои факултети, јавни претпријатија и приватни компании.

Од полицијата велат дека граѓаните се евакуирани од сите локации и дека на терен се увидни контрадиверзантски екипи, објавија српските медиуми.

Според неофицијални информации на „Нова.рс“, дојава за поставената бомба добиле во Првата и Втората крагуевачка гимназија, Палатата на правдата, „Фиат“, како и „Лидл“.

Можете да прочитате

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија

Си Џинпинг го претстави нацртот на новиот петгодишен план за Кина

Зеленски: Украина нема ништо да му даде на агресорот и нема ништо да заборави