
Најмалку 13 лица загинаа, а уште 39 се повредени во украински напад со беспилотно летало врз рускиот град Нижнекамск во Татарстан, објави градоначалникот Радмир Белјаев.
Меѓу загинатите има и едно дете, додаде тој.
Нижнекамск е дом на големата рафинерија ТАНЕКО, во сопственост на руската нафтена компанија Татнефт. Рафинеријата исто така беше цел на нападот.
Градот се наоѓа на повеќе од 960 километри на руска територија.
Украина, исто така, ја нападна истата рафинерија на почетокот на јуни.


