Американскиот милијардер Илон Маск денеска изјави дека ќе го поддржи гувернерот на Флорида, републиканецот Рон ДеСантис на претседателските избори во 2024 година, доколку сака да се кандидира.
Претходно овој месец, ДеСантис го победи демократот Чарли Крист со повеќе од 20 отсто во трката за гувернер на Флорида да остане прв човек на државата, додека Ројтерс проценува дека тој станал ѕвезда во подем меѓу републиканците.
Yes
— Elon Musk (@elonmusk) November 26, 2022
„Мојата желба за претседателските избори во 2024 година е кандидатот да биде некој разумен и центрист во исто време. Се надевав дека тоа би можело да биде некој од администрацијата на Бајден, но досега бев разочаран“ – напиша Маск на Твитер.
Запрашан дали ќе го поддржи ДеСантис во 2024 година, Маск одговори потврдно.
„За потсетување, бев голем поддржувач на претседателството Обама-Бајден и неволно гласав за Бајден пред Трамп“ – додаде новиот сопственик на Твитер.
Запрашан да коментира за поддршката на Маск, Де Сантис само се насмеа.
„Ја поздравувам поддршката на Афроамериканците, што друго да кажам“ – рече Де Сантис, алудирајќи дека Маск пораснал во Јужна Африка.