Утрински Весник
Магазин

Маск назначува нови менаџери за да ја направат платформата „X“ побезбедна

D0bcd0b0d181d0ba D0bdd183d0b4d0b8 100 D0bcd0b8d0bbd0b8d0bed0bdd0b8 D0b4d0bed0bbd0b0d180d0b8 D0b7d0b0 D0b8d0b7d183d0bc D0b7d0b0 D0bed182 63dac78707c29.jpeg
300x250 (7)

Платформата за социјални медиуми „X“ на Илон Маск назначи нови менаџери за платформата да биде побезбедна за корисниците и попривлечна за огласувачите, јави ДПА.

Говорот на омраза е и деловен проблем за „X“. Услугата зависи од приходите од реклами, а компаниите не сакаат нивните брендови да се појавуваат покрај објавите со поттикнувања на насилство или антисемитски слогани.

300x250 (7)

Откако Маск го презеде Твитер во есента 2022 година, приходите од реклами се преполовија. Технолошкиот милијардер вети радикална слобода на говор на „X“ во рамките на она што е законски дозволено.

Тој вели дека се фокусира на сериозно ограничување на дистрибуцијата на објавите со проблематична содржина наместо да ги отстранува.

Пред неколку месеци, онлајн истражувачите демонстрираа како рекламите за познати брендови може да се појавуваат заедно со антисемитските објави. Маск возврати дека примерите се вештачки конструирани и не одговараат на секојдневната употреба.

Неколку големи клиенти за рекламирање оттогаш ги намалија трошоците за „X“ или целосно го откажаа. Шефот на „X“, Линда Јакарино, кој беше назначен од Маск, се обидува да ги убеди дека платформата нуди безбедна средина за нивните брендови.

Ss1

Можете да прочитате

Вишната го намалува крвниот притисок

Дејвид Бекам ја изнесе на грб сопругата Викторија од роденденската забава

Една од најпопуларните атракции во Барселона „избришана“ од Гугл и Епл Мапс