Утрински Весник
Свет

Маск доби позиција во администрацијата на Трамп

Mask.jpeg

Извршниот директор на Тесла и Платформата X, Илон Маск, и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе го предводат Одделот за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

„Тие двајца исклучителни Американци ќе и помогнат на мојата администрација да ги намали непотребните регулативи и трошоци и да ги реорганизира федералните агенции – што е од клучно значење за движењето „Да ја спасиме Америка“, наведе Трамп во изјавата, пренесе Би-би-си.

Трамп го назначи поранешниот директор на Националната разузнавачка агенција Џон Ретклиф за нов директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), а гувернерката на Јужна Дакота Кристи Ноем за нов секретар за внатрешна безбедност

Можете да прочитате

Хорор во зоолошка градина во Романија: Тигар го уби чуварот

Четириесет тела со траги на мачење пронајдени во болница во Дамаск

Годинава во светот загинаа 104 новинари, Газа најопасна зона