Утрински Весник
Македонија
Img 7972

МАСИТ бара да се укине “недела неработен ден”

00000001 278 660x486 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Да се укине „недела неработен ден“ и да им се овозможи на ИТ инженерите работа од дома, како и скратено работно време, бара Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

Ова, како што му беше предочено денеска на премиерот Христијан Мицкоски, се поволности кои во светот се применуваат со години.

Како што изјави претседателката на МАСИТ, Анета Антова Пешева по средбата со Мицкоски, ИТ индустријата се надева дека дигиталната трансформација во земјава брзо ќе се случи.

-Бараме големи измени во Законот за работни односи. Се надевам дека соработката што ја имаме, ќе продолжи. Го поздравуваме Советот за дигитална трансформација на државата.
Се надеваме дека дигиталната трансформација брзо ќе се случи, а тоа значи ставање на сите хартии и документи во дигитална форма.

Потоа ќе поминеме на фазата интероперабилност меѓу институциите за да можат граѓаните да почувствуваат дека навистина нешто е направено и дека побрзо ќе течат процесите, истакна Антова Пешева.

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени