Утрински Весник
Свет

Абас му честиташе на Трамп, изразувајќи уверување дека ќе ги поддржи палестинските аспирации за државност

Abas.jpg

Палестинскиот лидер Махмуд Абас му честиташе на Доналд Трамп за неговата победа на претседателските избори во САД, изразувајќи уверување дека ќе ги поддржи „легитимните аспирации“ на Палестинците за државност.

-Уверени сме дека САД под ваше водство ќе ги поддржат легитимните аспирации на палестинскиот народ, рече Абас во изјавата што ја пренесе официјалната новинска агенција, потврдувајќи ја, како што ја нарече, палестинската посветеност на „стремежот на слобода, самоопределување и државност, во согласност со меѓународното право“.

Можете да прочитате

Украинците повторно го нападнаа рускиот „Амазон“

Пукање во училиште во Тајланд, ученик убил наставник, па се самоубил

Во Германија уапсен Украинец осомничен за подготовка на саботажа