Утрински Весник
Свет

Масакар во Америка: Поранешен војник пукал во децата додека спиеле

Масакар во Америка: Поранешен војник пукал во децата додека спиеле
Ss2

Поранешен војник убил три деца, од кои две се негови, додека спиеле во нивниот дом во Јужна Каролина додека мајка им избезумено молела за помош, соопштија властите. Поранешниот војник убил и колега на неговата сопруга, а потоа се самоубил.

dobivaj vesti na viber

„Чарлс Слакс Јуниор застрела и уби војник кој работеше со мајката на децата и случајно се нашол внатре во домот“, изјави началникот на полицијата во Самтер, Расел Роарк на прес-конференција.

Ss1

Слакс и неговата сопруга беа разведени, но тој сè уште имал клуч од домот во Самтер во кој влегол околу 22 часот во вторникот.

Слекс го застрелал колегата на својата поранешна сопруга во дворот додека мајката се обидувала да го запре, а потоа ја турнал и се упатил на катот и ги застрелал децата на возраст од 5, 6 и 11 години во нивните кревети, изјави началникот на полицијата.

„Малите деца спиеле во своите кревети“, рече Роарк.

Мобилниот телефон на мајката се полнел горе, па истрчала да види дали ранетиот колега има телефон што може да го користи. Слушнала истрели, се вратила внатре и го видела својот поранешен сопруг на врвот од скалите, каде што се застрелал, изјави Роарк.

Убиениот војник немал никаков однос со жената надвор од работа, а инспекторите не откриле зошто Слакс дошол во куќата или дали требало да има клуч, рече Роарк.

„Секој што има деца – секој што има емпатија за дете кое умира толку насилно, може да разбере како се чувствува таа мајка“, рече началникот на полицијата.

Слакс (42) ги убил своите деца, 5-годишниот Ајден Холидеј-Слакс и неговиот 6-годишен брат Асон Холидеј-Слакс, а исто така ја уби и нивната полусестра, 11-годишната Ава Холидеј. Пред разводот, Слакс и беше очув на Ава.

„Тоа беше долга ноќ. Ова е ужас“, рече судскиот лекар.

Идентитетот на убиениот војник не е објавен.

Слакс бил цивил доделен во штабот на американската армија во воздухопловната база Шо, додека убиениот војник исто така бил распореден, според воените информации.

 

Ss1

Можете да прочитате

Шпанија формира фонд за жртви на сексуална злоупотреба од свештеници

Каталонија поради недостиг на вода гради постројки за преработка на морската вода

Тесла укинува 400 работни места во Германија