Утрински Весник
Македонија

Марш за подигање на јавната свест за болеста мултипла склероза

20250529152318 big 730x400 71.webp.webp

По повод 30 Мај – Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Северна Македонија – Мобилност Македонија денеска ќе организира марш за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза.

Како што информира Мобилност Македонија, целта на маршот е да се подигне свеста за специфичните потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија на овие луѓе. На настанот ќе се приклучат и лицата со параплегија, дистрофија и детска парализа.


Маршот ќе почне пред Порта Македонија во 10 часот и ќе продолжи по десната коловозна лента на ул. „11 Октомври“ во правец на Собранието до Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. 

Можете да прочитате

Јаневска: Ќе го решаваме проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен

СДСМ: Од Пиреј до пропаст, со ВМРО-ДПМНЕ исчезнува македонската култура

ОМАЖ: ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ (1993–2025) – 24info.mk