Утрински Весник
Македонија

„Марш за ангелите“ за првпат во Штип

80829 kocani f.webp.webp

За првпат во Штип, на 18 април (сабота), ќе се одржи „Марш за ангелите“, 41-ви по ред, посветен на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираа од здружението „16 Март 2025 Кочани“.

Маршот ќе започне во 16:05 часот од плоштадот „Слобода“, каде граѓаните ќе имаат можност да оддадат почит, но и да испратат силна порака за правда и одговорност.


Од здружението посочуваат дека ова е првпат маршот да се одржи во Штип, со што симболично се проширува поддршката и солидарноста за жртвите и нивните семејства.

„За првпат, чекорите на тагата, достоинството и барањето правда ќе одекнат и во Штип. Во знак на почит кон нашите 63 ангели, кон повредените и кон сите семејства што повеќе од една година ја носат најтешката болка, ве повикуваме да ни се придружите на 41-виот Марш за ангелите“, соопштија од „16 Март 2025 Кочани“.

Маршот е дел од континуираните активности на семејствата и граѓанските иницијативи кои бараат целосно расветлување на трагедијата и одговорност за настанот што ја потресе целата држава.

Можете да прочитате

ЈНА се заканувала со срамнување на Скопје, Македонија се борела да го спаси аеродромот вели Гоцевски

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Кај помошник-директор на Царината пронајдени 17.500 евра

„Горе не оди како што треба“ – Гоцевски открива што му кажал Глигоров уште во 1987 година