Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Марковски: Нов спортско-рекреативен зелен појас за Скопје

20251004173028 big 730x400 53.webp.webp
300x250 opst2

Спортско – рекреативен зелен појас почнувајќи од Матка, преку езеро „Треска”, Сарај, Кејот на реката Вардар, СЦ „Борис Трајковски”, Градскиот парк, парк – шумата Гази Баба се до Маркова река. За младите тоа ќе биде можност за различни спортски активности, а за сите останати шанса за поквалитетен живот и поквалитетно поминување на слободното време.

Денеска, во рамки на спортско – рекреативниот центар „Сарај” овој проект го презентираше професорот Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно”, заедно со Јана Белчева Андреевска, носителка на кандидатска листа за советници на Град Скопје од „Независни заедно” и Умер Мухамеди, кандидат за советник за Скопје.


Новиот спортско – рекреативен појас ќе овозможи дополнително раззеленување на Скопје, како и вистинско облагородување и заштита на јавните простори кои со децении делуваат запуштено. 

Професорот Марковски напомена дека здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број 1, а секоја мерка и политика треба да бидат во таа насока: почист воздух, вода, почва и многу повеќе уредени зелени површини.

Тимот на „Независни заедно” продолжува и овој викенд со теренските активности. Денеска кандидатите ќе остварат и средби со граѓани во Капиштец (Општина Центар), при што ќе ги запознаат центарци со програмските решенија за општината и градот Скопје.

Ги повикуваме граѓаните да гласаат за бројот 128 за градоначалник на Скопје – Горан Марковски, како и за бројот 35 за листата на советници за Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска. Скопје има шанса!

Можете да прочитате

Изет Меџити и Бајрам Вардар утре ќе го презентираат Мастер планот за Чаир

Ѓорѓиевски: Оваа битка не е само за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град

Османи најави бесплатни и субвенционирани прегледи за рана детекција на рак на дојка за жените од Чаир