Утрински Весник
Македонија

Маричиќ – Хурелбринк: ФЕС со поддршка за брз напредок во реформите и ЕУ-агендата

Маричиќ – Хурелбринк: ФЕС со поддршка за брз напредок во реформите и ЕУ-агендата

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, оствари средба со новоименуваниот директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС), а во присуство на директорот во заминување, Рене Шле.

dobivaj vesti na viber

Главна тема на состанокот беше зајакнувањето на соработката во идниот период, со посебен акцент на трансформацијата на државата во клучните области за пристапување во Европската Унија.

На состанокот од страна на новиот директор на ФЕС, Питер Хурелбринк, беа потврдени поддршката и заложбата на Фондацијата во исполнувањето и достигнувањето на реформските процеси и ЕУ-агендата.

Маричиќ на средбата ја потенцира важноста на соработката со „Фридрих Еберт“ и го потенцира значајниот придонес што Фондацијата им ја дава на демократските и на реформските процеси за исполнување на нашата стратешка цел – членството во ЕУ.

„Во периодот пред нас, кој ќе биде динамичен и важен поради процесот на пристапување во ЕУ, ќе ја продолжиме и унапредиме соработката и со нови активности ќе го зајакнеме нашето партнерство“, рече Маричиќ.

Можете да прочитате

Законот за игри на среќа се носи шверцерски без дебата за туѓи профити и монополи

ТХП: Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

Мицкоски против земјоделците – пак го спаси Трипуновски од одговорност