Утрински Весник
Македонија

Манасиевски: За Филипче, реформите и напредокот на СДСМ се во втор план

Manasievski 16.11.2025.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани сограѓани, почитувани претставници на медиумите,


Реформите и напредокот во СДС, не се во прв план на Филипче. На него во прв план му е реализацијата на зацртаните планови кои му ги наредува менторот Заев.

Криминалното дуо Филипче-Заев, не се откажува од претседателската фотелја во СДС, па макар тоа и ги довело до уништување на партијата.

Заев се уште му ги држи конците на Филипче, а тој возвраќа на секој потег на Заев.

Тоа што Александар Трајановски е нов потпретседател на СДС, не е затоа што тој е многу добар или квалитетен, туку затоа што е лојален човек на Филипче и на Заев.

Заев се уште ја контролира СДС преку Филипче, а сега си ја потврдува неговата позиција на претседател од сенка со ставање на Трајановски за потпретседател.

Од овие тројца, но и од остатокот на раководството на СДС, народот не очекува ништо. Потребни се реформи итни во СДС, за силна опозиција со кредибилитет и одговорност.

Тоа мора да почне со оставка на Филипче.

Можете да прочитате

Македонец загина во трагичен судир кај Равена: Заедницата во шок по загубата на Макс

Тешка сообраќајка: Поло се судри со мопед – девојка итно пренесена во болница

Пукање во охридско – 24info.mk