Утрински Весник
Македонија

Малолетно девојче од струшко избегало од дома за да биде заедно со 31 годишен маж

Малолетно девојче од струшко избегало од дома за да биде заедно со 31 годишен маж

Мајка на малолетно девојче од струшко село пријавила во полиција дека 31-годишен жител на гостиварско ја одвел нејзината ќерка, по што таа ѝ се јавила на мајка си за да ѝ каже дека е во домот на многу постариот љубовник, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

„На 13.05.2023 во 14.10 часот во Гостивар полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 31годишниоот маж од с.Трново, гостиварско, постапувајќи по пријава во ОВР Струга, според која претходниот ден со патничко возило одвел малолетничка од дворот на нејзината семејна куќа во струшко село, по што девојчето телефонски ѝ соопштило на мајка си дека е во домот на момчето со кое е во љубовна врска“, велат од МВР.

По целосното документирање на случајот, против уапсениот гостиварец ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри

Мицкоски ветува набавка на 100 нови амбулантни возила

Заврши „Охридско лето“ 2025 – 24info.mk