Утрински Весник
Македонија

Малолетник погоден од воздушен пиштол од својот другар врсник, пренесен на клиника

Klinika.banskoliev 6.jpg

На 10.09.2024 во 16.17 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Скопје.

-Според пријавеното, тој се здобил со повредата околу 15.00 часот во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, додека со негов малолетен другар биле во домот, а другарот случајно испукал од воздушен пиштол и го погодил, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот, Мицкоски и неговата банда ги чека иста судбина

Судот во Охрид го врати детето на мајката Невена, на ред е битолска апелација

Адвокатката Коцевска побара исклучување на јавноста поради заканите кон Дејан Јованов – Деко