Утрински Весник
Македонија

Малолетник баран за кражба фатен на ГП „Табановце“

Сообраќајот на патиштата умерен, на граничните премини не се чека долго

Вчера во 12.05 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници лишиле од слобода малолетник од Гостивар затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека бил предмет на потрага по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

За настанот бил запознаен неговиот родител, со кој патувал, по што малолетникот бил предаден на полициски службеници од ОВР Гостивар за понатамошна постапка.

 

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати