Утрински Весник
Спорт

Макс шест месеци чекал да му се освети на Чеко Перез

Макс шест месеци чекал да му се освети на Чеко Перез

Каков ќе биде расплетот во Ред Бул, откако Макс Ферстапен одби да му помогне на трката во Бразил, на колегата Серхио Перез, кој се бори за второто место во шампионатот? Ова повлекува и уште едно прашање, дали овие двајца ќе можат да функционираат заедно во тимот?

dobivaj vesti na viber

Една перфектна сезона на Ред Бул (Ферстапен е шампион, го собори рекордот на Михаел Шумахер и Себастијан Фетел, а тимот ја освои конструкторската титула), може да прерасне во фијаско поради нарушените односи меѓу колегите.

Ферстапен во финишот на трката ја игнорираше тимската наредба да му ја препушти шесттата позиција на Перез, кој со Шарл Леклер се бори за втората позиција во генералниот пласман.

„Ова само покажува каков е Ферстапен. Не знам што се случи, многу сум изненаден и разочаран по се што направив за него…Мислам дека моја заслуга е што Макс има две титули“, изјави по трката Перез.

„Немој повторно да го повторите тоа, дали е јасно? Веќе ви ги кажав причините!“, му одговори Холанѓанецот на тимот во радио-пораката.

По трката, репортерот на „Скај Спортс“ го праша Ферстапен дали неговиот конфликт со Перез се „влече“ од минатото.

„Дали“, беше одговорот на Ферстепен.

Холандскиот новинар, Ерик ван Харен, потоа потврди дека се започнало на крајот на мај во Монте Карло, кога Перез наводно намерно се судрил во квалификациите, за да не може Ферстапен да се бори за пол-позицијата.

Половина година подоцна, гневот кај Холанѓанецот остана иако доминантно ја одбрани шампионската титула. Тој не го заборави што направи Перез во Монте Карло и прашање е како двајцата ќе можат понатаму да функционираат.

„Сè ставивме на маса. Имам свои причини и нема да ги кажам, но мислам дека луѓето во тимот ќе разберат. Ги објаснив претходно, така што ова не е ништо ново за мене, ниту за нив. Мислам дека сега е важно како тим, да останеме заедно и да продолжиме во тој правец. Одиме во Абу Даби, сакаме да победиме и ако има можност да му помогнам, ќе му помогнам“, изјави Холанѓанецот.

Наредната недела во Абу Даби ќе заврши сезоната во Формула 1. Перез и Леклер на второто место имаат по 290 поени.

 

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ