Утрински Весник
Свет

Макрон: Нема да поднесам оставка

20250829180525 big 730x400 62.webp.webp
Dik 300x250 mk

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема намера да поднесе предвремена оставка пред гласањето за доверба на владата, закажано за 8 септември.

Причина за гласањето е незадоволството на населението поради мерките за штедење предвидени во нацрт-буџетот за 2026 година, а премиерот Франсоа Бајру најави дека прашањето за доверба ќе се разгледа на вонредна седница на парламентот.


– Што се однесува до мене, јас верувам во демократија. Демократијата се состои во тоа луѓето да гласаат за одреден мандат. Мандатот што ми го доверија Французите, и никој друг, ќе биде исполнет до крај, истакна Макрон на прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Мандатот на актуелниот француски претседател истекува во 2027 година.

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција