Утрински Весник
Свет

Макрон: Не сакаме светска војна

Макрон: Не сакаме светска војна

Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер објави: „Не сакаме светска војна“.

dobivaj vesti na viber

„Ние ` помагаме на Украина да се одбрани на своја територија, но никогаш да не ја нападне Русија. Владимир Путин мора да ја прекине оваа војна и да го почитува територијалниот интегритет на Украина“, додаде Макрон.

Со ова францускиот претседател се надоврза на претходната изјава во која тврди дека Франција нема да го користи своето нуклеарно оружје дури и ако Русија употреби нуклеарно оружје во Украина.

„Нашата доктрина почива на основните интереси на нацијата“, рече тој за јавниот сервис „Франс 2“.

„Тие се јасно дефинирани и нема да бидат директно засегнати доколку, на пример, има балистички нуклеарен напад во Украина, во регионот“, истакна Макрон.

Можете да прочитате

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка