Утрински Весник
Свет

Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимпијадата, Кремљ „ладно реагираше“

Makron.webp.webp

Кремљ денеска „ладно реагираше“ на повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за примирје во меѓународните конфликти за време на Олимпијадата во Париз, велејќи дека Украина може да го искористи тоа како можност за прегрупирање и повторно вооружување, пренесуваат странските агенции.

Прекинот на непријателствата под олимписко примирје е долгогодишна традиција, а Макрон во интервјуто во понеделникот рече дека ќе работи на тоа да го постигне кога Париз ќе биде домаќин на Летните игри од 26 јули до 11 август.

Запрашан за тоа, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека и рускиот претседател Владимир Путин и руската војска забележале дека „режимот во Киев, по правило, користи такви идеи и иницијативи за да се обиде да се прегрупира, да се обиде да се превооружи“.

Песков во однос на можноста за олимписко примирје рече дека сè уште никој не презел никакви официјални чекори во тој поглед.

Во интервју за француските медиуми, Макрон рече дека Франција ќе направи се за да се постигне примирје во конфликтите во Украина, Газа и Судан и дека за ова прашање ќе го ангажира кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Тоа е можност во која ќе се обидам да вклучам многу наши партнери. Кинескиот претседател доаѓа во Париз за неколку недели, ќе го замолам да ми помогне“, рече Макрон.

Песков, одговарајќи на посебно прашање за Кина, рече дека позицијата на Пекинг за украинскиот конфликт е „многу избалансирана и конструктивна“.

Кина, која не ја осуди инвазијата на Москва и значително ја зајакна трговијата со Русија од почетокот на војната, минатата година поднесе мировна иницијатива која се состоеше од збир на општи принципи кои не вклучуваат специфики за тоа како да се стави крај на конфликтот. 

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи