Утрински Весник
Спорт

Македонските кошаркари на 57 место на ФИБА ранг-листата, скок за една позиција

Makedonska Kosarkarska Reprezentacija.jpg

Македонската машка кошаркарска репрезентација напредуваше една позиција на најновата светска ранг-листа на ФИБА и се наоѓа на 57 место.

Македонската репрезентација на јулското рангирање има 198.2 поени и во европски рамки е на 30 место.

На челното место на ФИБА рангирањето се САД со 838,8 бодови, а Србија (758,9) изби на второто место со освојувањето на бронзениот олимписки медал. По победата во мечот за третото место, Србите ги оставија зад себе актуелните светски шампиони, Германците, на третото место на ранг-листата на ФИБА (755,3), додека Франција (753) се пресели од деветтото на четвртото со освојувањето на олимпиското сребро.

Скок во првата петорка направи канадската репрезентација (747,8), која на последното рангирање беше на седмата позиција.

Можете да прочитате

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот