Утрински Весник
Македонија

Македонски туристи останаа без регистарски таблички во Грција

Text max 1065 1433.jpg

Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено предупредување до туристите кои престојуваат во Пефкохори, дека грчката полиција спроведува засилени контроли и изрекува казни, при што на дел од возилата им се одземаат и регистарските таблички.

Според објавата, акцијата се спроведува на магистралниот пат кај кружниот тек во Пефкохори.

„Полицајците на сите по ред им ги симнуваат табличките. Прво на едно грчко возило, потоа на џип со регистарски таблички од Неготино, па на автомобил од Велес, а потоа продолжија и со останатите. Ги симнуваат табличките и пишуваат казни. Работат експресно брзо“, стои во објавата.

Засега нема официјална информација поради кои прекршоци се изрекуваат санкциите, но туристите се повикуваат внимателно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописите за паркирање за да избегнат казни и одземање на регистарските таблички.

Можете да прочитате

Мицкоски објави фотографија со државниот секретар на САД Рубио

ВЛЕН: За Али АХемти правдата е коцка

Жестока пресметка на скопскиот аеродром – во тепачката употребена столица