Утрински Весник
Балкан

Македонски камион со муниција за Израел стигна во Грција: Работниците ја блокираа пратката

Kikikiii 416547.png
Dik 300x250 mk

Десетици членови на грчкиот синдикат на пристанишни работници го блокираа товарењето на контејнери со муниција за Израел во пристаништето Пиреја, како протест против војната во Газа, изјавија денеска за Ројтерс претставници на крајбрежната стража и синдикатот.

Контејнерот, кој пристигна во Пиреја, главното пристаниште на Атина и Грција, содржеше 21 тон муниција, според информации од еден синдикалец кој сакаше да остане анонимен. Товарот бил транспортиран со камион од Македонија и требало да биде натоварен на брод под знамето на Маршалските Острови, кој пловел за Израел.

Синдикатот на пристанишните работници претходно ги повика своите членови да протестираат и да ја блокираат испораката на оружје и муниција наменети за израелската војна во Газа.




Можете да прочитате

Во Грција опасност од недостиг на вода

Армијата излегува на улиците во Словенија

Рама: Непризнавањето на Косово од страна на Србија е суштински проблем за Балканот