Утрински Весник
Спорт

Македонската репрезентација ја очекува ждрепката за составот на групите од Лигата на нации во третиот барабан за Ц-лигата

20240130164948.jpg

Во Париз (18 ч.) ќе се одржи ждрепката за составот на групите од четвртото издание на фудбалската Лига на нации на УЕФА. Новото издание на Лигата на нации почнува на 5 септември, завршува на 19 ноември. Завршниот турнир од А-лигата е закажан за периодот од 4 до 8 јуни 2025 година. Македонската фудбалска репрезентација која токму преко ова натпреварување усепа да го избори првиот историски настап на завршница од Европско првенство (2020 беше поместено за 2021 година) повторно ќе игра во сегментот-лигата Ц. „Црвено-жолтите“ ждрепката ќе ја дочека од третиот барабан, заедно со селекциите на Словачка, Кипар и Северна Ирска кои нема да може да ги има за ривали. Според моменталниот рејтинг и квалитетот на ривалите, се чини дека најнезгодни ривали се Романија и Шведска од првиот, Косово од вториот и Белорусија од третиот барабан. Од друга страна, на хартија најлесни ривали би ни биле Луксембург, Фарски Острови и Гибралтар (ако Гибралтар се пласира во лигата Ц преку баражот со Литванија кој е на програмата во март).

.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл