Утрински Весник
Македонија

Македонска државјанка пронајдена мртва во стан во Солун

Solun.webp.webp

Во стан во Солун вчера била пронајдена мртва 24-годишна девојка, македонска државјанка, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно не станува збор за кривично дело, иако властите ги чекаат официјалните резултати од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта.

Според државната новинска агенција АНА-МПА, бидејќи членови на семејството на девојката не можеле да стапат во контакт со неа, нејзино блиско лице се качило на вториот кат од зградата и влегло во станот преку балконската врата, каде што ја пронашло 24-годишната без знаци на живот.


На местото бил повикан лекар од судска медицина, кој при надворешниот преглед на телото не забележал траги што би укажувале на кривично дело.

По обдукција на телото, ќе се утврдат точните околности и причините за смртта. 

Можете да прочитате

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш