Утрински Весник
Македонија

Македонија со пад на воената моќ, уназадена за две позиции на глобалната листа

5d90f17e B639 4e1a A32b 017db458a6b4.jpeg

Годишниот преглед на интернет-порталот „Глобал фајрпауер“ (GFP) го откри рангирањето на најмоќните воени сили во светот за оваа година. Според анализата, САД остануваат на врвот како најсилна воена сила, а веднаш зад нив се Русија, Кина, Индија, Обединетото Кралство и Франција.

Украина, земјата што моментално е во воен конфликт, се наоѓа на 20. место на оваа листа.


Македонија е рангирана на 112. место од вкупно 145 држави, што претставува пад од две позиции во споредба со минатогодишното рангирање.

Анализата покажува дека од соседните земји, најдобро рангирана е Грција, која се наоѓа на 30. место. Бугарија е на 62. место, Србија веднаш зад неа на 63. позиција, Хрватска е 74-та, Словенија 78-ма, Црна Гора 96-та, додека Косово е на 141. место.

Методологијата на GFP користи над 60 фактори за да го пресмета т.н. „power index“ на секоја држава, вклучувајќи ја бројноста на вооружените сили, финансиската состојба, логистичките капацитети, географската положба и достапноста на ресурси. Листата се фокусира на конвенционалните вооружени сили, додека нуклеарните капацитети не се земени предвид.

Можете да прочитате

Ахмети го честита Денот на независноста: Да го зачуваме она што го изградивме заедно и да го придвижиме напред

Таксист во Скопје му побарал повеќе пари на Кинез, па му се заканил со остар предмет и го ограбил

Статистички портрет на 35 години независна Македонија: Помодерна и побогата, но со сè помалку жители